| четврток, 6 декември 2018 |

Кинезите откриле делови од исчезнатиот „боинг 777“?

444850_malezija-avion-image.adapt.445.low_f

Кинески авион кој учествува во потрагата по исчезнатиот „боинг 777“ открил „сомнителни“ објекти во јужниот дел на Индиски Океан, јави кинеската новинска агенција „Ксинхуа“. Во исто време австралиските власти соопштија дека потрагата се интензивира и дека се проверува секоја можна трага.

Досега повеќе земи меѓу, кои и Кина и Австралија, преку сателити детектирале присуство на можни остатоци од авион во главната зона на потрга, во подрачје кое се наоѓа на 2.500 километри од брегот на Австралија.

Француски сателит, исто така, лоцирал можни остатоци кои плутаат во јужниот дел на Индиски Океан, но надвор од зоната во која се врши потрагата.

„Боингот“ на „Малезија ерлајнс“ со 239 патници и членови на екипажот исчезна за време на летот од Куала Лумпур до Пекинг на 8 март.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top