| четврток, 6 декември 2018 |

Армин од „Доктори“ во врска со сестрата на Кристина Ковач

Како што пишуваат српските месдиуми, Босанецот Армин Маликиќ од петчлената група „Доктори“ е во љубовна врска со Ања Ковач , помладата сестра на неговата менторка Кристина Ковач. Наводно тие ја кријат врската од јавноста, бидејќи не сакаат да се зборува дека поради Ања, Армин има привилегии кај Кристина.

anja kovac

Ања Ковач

– Кристина во една прилика ги запозна „докторите“ со нејзините сестри Алексанра и Ања, а Армин веднаш фрли око на Ања, па подоцна тие двајцата почнаа интензивно да се дружат и слушаат. Нивното дружење прерасна во љубов, која постојано се обидуваат да ја скријат од очите на јавноста – изјави за „Ало“ извор близок до кандидатот.

Според изворот, 25-годишната актерка, постојано лобира за целата група, но посебно за Армин.

armin

Армин Маликиќ

– Мислам дека Кристина не знае ништо за тоа, бидејќи на младиот пејач му е непријатно – додава изворот.

На почетокот на аудициите на „Икс-фактор“, очигледни беа симпатиите помеѓу 22-годишниот Армин и неговата сограѓанка Вања Мишиќ, која беше дел од групата девојки „4U“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top