Како што пишуваат српските месдиуми, Босанецот Армин Маликиќ од петчлената група „Доктори“ е во љубовна врска со Ања Ковач , помладата сестра на неговата менторка Кристина Ковач. Наводно тие ја кријат врската од јавноста, бидејќи не сакаат да се зборува дека поради Ања, Армин има привилегии кај Кристина.

Ања Ковач
– Кристина во една прилика ги запозна „докторите“ со нејзините сестри Алексанра и Ања, а Армин веднаш фрли око на Ања, па подоцна тие двајцата почнаа интензивно да се дружат и слушаат. Нивното дружење прерасна во љубов, која постојано се обидуваат да ја скријат од очите на јавноста – изјави за „Ало“ извор близок до кандидатот.
Според изворот, 25-годишната актерка, постојано лобира за целата група, но посебно за Армин.

Армин Маликиќ
– Мислам дека Кристина не знае ништо за тоа, бидејќи на младиот пејач му е непријатно – додава изворот.
На почетокот на аудициите на „Икс-фактор“, очигледни беа симпатиите помеѓу 22-годишниот Армин и неговата сограѓанка Вања Мишиќ, која беше дел од групата девојки „4U“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


