Наместо со плин, државјанин на Албанија наполнил две плински боци со марихуана и така се обидел да ја прошверцува до Италија, преку Македонија.
Планот на Џ.Д. од Албанија, пропаднал, кога цариниците на граиничниот премин Табановце вчера не поверувале во приказната на момчето дека оди кај неговата девојка во Романија, па нарачале детален преглед на автомобилот “фиат пунто“.
Во багажникот забележале две плински боци, кои иако регуларно сместени и поврзани, сепак им го задржале интересот на царинците. Внатре, наместо гас царинците пронашле 14,5 килограми марихуана, која на “нарко пазарот“ вреди околу 100 илјади евра.
Уапсениот Албанец раскажал дека дрогата ја преземал од негов пријател со иницијали Б.Д. од Тирана, во чија сопственост бил и автомобилот, а на крајот на јануари го префрлил на име на Џ.Д. за да може да го вози до Италија. Џ.Д. на 14-ти го зел автомобилот и тргнал на пат. По преносот на дрогата требало да му бидат исплатени 2.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





