Клуб Матица за овој викенд најави љубов и поезија во „Сигма Џулери“ во Скопје (ГТЦ приземје) и во Прилеп (Старата Чаршија), акција која е дел од проектот „Читај повеќе – читај секаде“ и се организираше по повод Светскиот ден на поезијата.
Првата активност се одржа во Градски Трговски Центар и таму поетите Александра Велинова, Ирена Ристевска, писателот Ѓорги Барбаровски како и актерката Весна Петрушевска ќе се приклучат во одбележувањето на Светскиот ден на поезијата и ќе потпишуваат книги на посетителите на овој настан.
Додека викендов акцијата продолжи и во Прилеп со писателката Ивана Канго и Раде Силјан, како и пеачката Дани Димитровска, пред продавницата на Сигма, во центарот точно напладне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претставување на аудио-визуелниот проект „Die! Goldstein“
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Нема абер од пилот проектот „Повеќе пари за граѓаните“
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите