| четврток, 6 декември 2018 |

За Украина Крим е „привремено окупирана територија’, а соработниците на Русија ќе се казнуваат

„Соработката, односно свесната, доброволна соработка со окупаторот и неговите претставници е против интересите на Украина и ќе се смета да велепредавство и ќе подлежи на кривичниот закон, пишува во Делкарацијата која предвидува и дополнување на постоечкиот кривичен закон. Крим, покрај сето ова се нарекува „привремено окупирана територија“.

Командантот на украинската морнарица , адмиралот Серхи Хајдук кој беше заробен кога проруската милиција го зазеде стожерот на украинската флота, по испрашувањето бил пуштен на слобода.

Како што јавуваат агенциите, адмиралот Хајдук со соработниците во автобус бил превезен до границата и „отишол во Украина“. Инаку, како што јавуваат украинските медиуми, засега дури 25 илјади жители (ги има нешто повеќе од 2 милиони) побарале да заминат од Крим, а Украина се подготвува за прифаќање на бегалците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top