| четврток, 6 декември 2018 |

Тензии на границата меѓу Украина и Крим: Пограничната служба на Украина еднострано го спречи влезот и излезот од Крим

Пограничната служба на Украина еднострано го спречи влезот и излезот од територијата на Крим кон територијата на Украина. Поради тоа не можат да ја поминат и украинските војници, кои биле на служба во Крим и посакале да влезат во Украина, соопшти Кримскиот федерален округ.

– Целта на тие провоцирачки активности се јасни – да се обвинат властите на Крим, дека не ги пуштаат луѓето со употреба на сила и така да се создаде жариште на тензии во регионот на границата, се додава во соопштението.

Во меѓувреме руските сили ја зазедоа укранската авионска база Белбек, во близина на Севастопољ, изјави командатот на таа база.

Тоа е една од само неколкуте воени бази на Крим, која се уште ја контролираат Украинците.

Заменик-командантот на базата Олег Подовалов изјави дека Русите им дале еден час да се предадат или во спротивно ќе нападнат.

– Ние никаде не одиме. Ајде да видиме како ќе изгледа тој напад, нагласи Подовалов.

Рокот, кој го дадоа Русите за предавање веќе помина, но според светските медиуми, се уште нема знаци на движење на нивните сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top