| четврток, 6 декември 2018 |

Се влошува состојбата во Украина: сакаме да ни се врати статусот на нуклеарна сила!

Во миговите кога руската Дума по итна постапка ја ратификуваше спогодбата за приојување на Крим, украинската Врховна Рада пред своите застапници стави предлози на нови закони кои би требало, како што истакна Олег Љашко, да ја заштитат Украина.

На дневен ред ќе се најдат предлози за прекин на дипломатските односи со Русија, воведување визи за руските граѓани, но и национализација на рускиот имот во Украина. Освен тоа, ќе предложат на Украина да и се врати статусот на нуклеарна сила и да се прилкучи во НАТО и ЕУ. Поради состојбата на Крим ќе се објави и општа мобилизација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top