| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов кај штипјани – граѓаните задоволни од изградбата на автопатот Скопје-Штип

ivanov stip

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го посети Штип, и се сретна со жителите од овој град. Во разговорите со граѓаните на Штип претседателот Иванов размени мислење околу можни идни инвестиции и проекти со цел натамошен инфраструктурен и економски развој на градот. На средбата беше посочено дека влезот на странски капитал и отворањето на фабрики во Техлошко индустриска развојна зона Штип, е особено значајна зa подигнување на животниот стандард на штипјани.

Претседателот Иванов беше информиран дека во ТИРЗ Штип, хрватската компанија „Кумал”, што се занимава со производство на термоизолациски материјали, донесе одлука за инвестирање токму во оваа зона. Притоа, беше нагласено и присуството на американската компанија од автомобилската индустрија „Џонсон Контролс”, која со своја инвестиција вработува 1.000 лица, а во иднина и до 1.400 лица.

ivanov stip2

Граѓаните на Штип изразија задоволство од започната изградба на автопатот Скопје-Штип проект кој е од големо инфраструктурно и економско значење за градот и околината, како и од најавената изградба на нова клиничка болница во Штип.

Претставници на локалната власт пренесоа дека во општина Штип вкупно се изведени четири локални патни правци, а во иднина се планира изградба на експресен пат на делницата Штип-Струмица.

ivanov stip3

Изградбата, пак, на новиот карго аеродром во близина на градот, каде во тек се хидрометеролошки мерења, се очекува да придонесе за натамошен развој на овој регион.  Во рамки на посетата на Штип, предателот Иванов ги посети и населбите Три Чешми, Баби и Дузлак каде беше запознаен со активностите на локалната самоуправа со кои се опфатени овие населби.

Во рамки на посетата на Штип, претседател Иванов учествуваше на Традиционалното искачување на Исарот по повод „Свети 40 Маченици”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top