Претседателот Ѓорге Иванов денеска го посети Штип, и се сретна со жителите од овој град. Во разговорите со граѓаните на Штип претседателот Иванов размени мислење околу можни идни инвестиции и проекти со цел натамошен инфраструктурен и економски развој на градот. На средбата беше посочено дека влезот на странски капитал и отворањето на фабрики во Техлошко индустриска развојна зона Штип, е особено значајна зa подигнување на животниот стандард на штипјани.
Претседателот Иванов беше информиран дека во ТИРЗ Штип, хрватската компанија „Кумал”, што се занимава со производство на термоизолациски материјали, донесе одлука за инвестирање токму во оваа зона. Притоа, беше нагласено и присуството на американската компанија од автомобилската индустрија „Џонсон Контролс”, која со своја инвестиција вработува 1.000 лица, а во иднина и до 1.400 лица.
Граѓаните на Штип изразија задоволство од започната изградба на автопатот Скопје-Штип проект кој е од големо инфраструктурно и економско значење за градот и околината, како и од најавената изградба на нова клиничка болница во Штип.
Претставници на локалната власт пренесоа дека во општина Штип вкупно се изведени четири локални патни правци, а во иднина се планира изградба на експресен пат на делницата Штип-Струмица.
Изградбата, пак, на новиот карго аеродром во близина на градот, каде во тек се хидрометеролошки мерења, се очекува да придонесе за натамошен развој на овој регион. Во рамки на посетата на Штип, предателот Иванов ги посети и населбите Три Чешми, Баби и Дузлак каде беше запознаен со активностите на локалната самоуправа со кои се опфатени овие населби.
Во рамки на посетата на Штип, претседател Иванов учествуваше на Традиционалното искачување на Исарот по повод „Свети 40 Маченици”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани