| четврток, 6 декември 2018 |

Робертсон: Сѐ уште е можно Македонија да биде примена во НАТО

RobertsonLordGeorgeD2

Сѐ уште е можно Македонија да биде примена во НАТО, бидејќи таа е совршено квалификувана за да го направи тоа, порачал поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон на форум во Брисел. Британецот ова му го порачал и на генералниот секретар на Алијансата во заминување, Андерс Фог Расмусен, кој, исто така, учествуваше на форумот „НАТО во транзиција“ во Брисел, пренесува агенцијата Макфакс.

– Сакам да дадам еден краток совет, сметам дека сѐ уште е можно Македонија, земјата која Андерс мора поинаку да ја нарекува, а впрочем и јас морав да го правам истото за време на својот мандат, Република Македонија треба да стане членка на НАТО, бидејќи е совршено квалификувана да го направи тоа – изјавил Робертсон.

Македонија требаше да стане членка на НАТО уште во 2008 година, заедно со Хрватска и Албанија, но поради спорот за името со Грција и немањето на консензус кај земјите-членки поради овој проблем, членството на Македонија во Алијансата е во статус кво состојба веќе шест години.

Следниот самит на НАТО ќе се одржи во септември годинава во Велс, Велика Британија, а се очекува дека проширувањето на Алијансата ќе биде една од темите на агендата на земјите-членки на северноатланскиот сојуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top