Кениското собрание изгласало закон со кој на мажите им се дозволува да имаат повеќе жени, без притоа да мора да ја известат првата сопруга, пренесуваат тамошните медиуми.
Овој закон предизвикал остри реакции од кениските пратенички, кои ја напуштиле собраниската седница.
Целта на законот е да се усогласи граѓанското право со обичајното според кое во Кенија е дозволена полигамија.
Според обичаите првата жена треба да му даде согласност на мажот ако сака да доведе нова жена.
За новиот закон да влезе во сила треба да го потпише кенискиот претседател Ухуру Кенијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.