Фудбалската федерација на Македонија избра ново лого, знаме и нов слоган. На редовното годишно собрание беа донесени изменити на Статутот на ФФМ заради ново знаме и нов слоган. Новото гесло на ФФМ од денеска е „Обединети од радоста што ја носи фудбалот“.
Усвоени се и Извештајот на независниот ревизор, Завршната сметка за 2013 година, како и Буџетот на ФФМ за оваа година.
Собранието почна со оддавање почит на трагично загинатиот директор на репрезентацијата, Петар Милошевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.