| четврток, 6 декември 2018 |

Паскали: Политиката на Груевски е со долгорочни цели и визии

paskaliii

Македонија оди во добар правец. Актуелното политичко лидерство, предводено од премиерот Никола Груевски, има доста постигнувања кои ќе бидат основа за понатамошна доверба од граѓаните. Ваква прогноза во македонското предизборие дава американскиот аналитичар Умберто Паскали за програмата Гласот на народот.

Според него, Македонија и во иднина ќе има клучна улога на Балканот – географски добро поставена со култура која ги идентификува само Македонците. Земјата според Паскали, може да има добра економска иднина, како резултат и на физичката поставеност на крстосницата на доста важни коридори, односно на клучните паневропски коридори 10 и 8.

– Важно е да се нотираат добрите политички одлуки на Владата и премиерот Груевски, особено во делот на зближување и градење добри односи и со Кина, Индија и со Русија. Политиката на Груевски е со долгорочни цели и визии. Неговото однесување беше и се уште е пример за многу други лидери. Неговиот оптимизам и активизам е предизвикувачки, вели Паскали.

Македонија може да биде горда на ваков политичар, вели Паскали кој додава дека граѓаните треба да ја дадат поддршката за актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов поради неговата професионалност, но и промоцијата на културата, хуманоста и идентитетот на Македонија.

– Неговиот интелектуален и човечки талент, неговата способност да создаде пријатели насекаде низ светот и да и даде лице на културата, историјата и хуманоста на Макеоднија. Лидери како овие го создаваат богатството на земјата, нивната политичка храброст ги одвлекува и им создава бес на ние кои сакаат да ја дестабилизираат земјата, вели Паскали.

Според него, Европската унија го покажа вистинското лице, сега во случајот со Украина. Заедницата, тврди, била клучниот спонзор на државниот удар и на насилството во Украина. Но, вели дека Европа и САД во никој случај нема да сакаат војна. Владите на сите тие држави, тврди, не се суверени туку управувани од финансиските центри на Волстрит и тие во Лондон.

– Некомпетентните водачи на меѓународната заедница изгубија секаква смисла и го фрлија оружјето на социјална дестабилизација, вооружена инвазија – направија фашистички марш во Киев, како тој на Мусолини во Рим, кој беше насочен кон рускиот народ. Беа со цел да и се даде на Русија третман како Либија, и тоа не го правеа тајно. По изјавите дадени од страна на Џорџ Буш до Михаил Горбачов дека НАТО не може да се користи за притисок кон Исток, сега американската Влада го направи токму тоа и кон руска територија, вели Паскали.

Затоа, додава, „западните дипломати веднаш побрзаа да го признаат легитимитетот на новата Влада и да го поддржат Јацењук, кандидатот на Викторија Нуланд како нов премиер додека членовите на Парламентот биле брутално претепани на улица, нивните куќи нападнати, нивните семејства тероризирани, за наводно да се обезбеди нивната поддршка за демократскиот процес“…

Сепак, тврди Паскали, нападот кон Киев не бил своевидна војна против Русија туку всушност војна кон Европа.

– Не Европа, која е сведена на бирократија во Брисел чија лојалност е во големите финансиски институции туку Европа составена од различни народи кои се доведени до мизерија и очај поради грабежот на големите финансиски институции на Волстрит и од Лондон, вели тој во интервјуто.

За Паскали, Украина мораше да „експлодира“, што осигура дека Европа ќе биде во трајна војна со Русија. Всушност, и Русија и Европа имаат корист ако тој регион е економски и политички стабилен. Тоа е она што беше предложено од страна на Путин и неколку други лидери, меѓу кои и поранешните германски канцелари Хелмут Кол и Герхард Шредер.

Најважната точка, според Паскали, е дека оваа војна и политиката на грабеж не е во интерес на Европејците, па дури и на Американците, истакнува американскиот аналитичар Умберто Паскали за програмата Гласот на народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top