Потрагата по малезискиот авион е продолжена, но сè уште нема ни трага од остатоците на мистериозно исчезнатиот авион.
Според најновите информации, малезиската државјанка Раја Далела Раја Латифе тврди дека го видела авионот во морето додека летала над Индискиот океан во 2 часот попладне, неколку часа по исчезнувањето на Боингот, објавија хрватските медиуми.
Таа била толку сигурна во тоа што го видела и истиот ден поднела службена пријава на полицијата, цели пет дена пред истрагата да биде проширена на подрачјето околу островот Андаман кадешто Латифе тврди дека го видела авионот.
Во меѓувреме се објавени нови детали кои може да помогнат во расветлувањето на целиот случај и судбината на патниците и екипажот.
На денешната прес-конференција за новинарите, малезиските власти објавија дека авионот пренесувал литиум – јонски батерии, кои можат да бидат нестабилни, односно запалливи, на големи висини особено ако не се складирани на правилен начин.
Истрагата за Боингот 777 е фокусирана на податоците од сателитот и радарите кои укажуваат дека авионот веројатно намерно бил пренасочен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Страотна несреќа: Се урна „боинг“, петмина загинаа (Видео)
-
Драма на небото над Америка: Експлозија на мотор на боинг во лет, 104 лица во авионот
-
Според истражувањето на експертите овие 10 земји нема да ја дочекаат 2035 година, дали сме ние меѓу нив?
-
Јелена крвава бегала од убиецот: Пејачката се борела до смрт




