| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца Албанци и Косовец извршители на вчерашниот терористички напад во Турција

TURKEY-POLITICS-UNREST

Тројцата припадници на турските безбедносни служби, кои вчера беа убиени во вооружен напад во централна Турција, биле нападнати од терористичка група активна во Сирија, составена од двајца Албанци и еден Косовец, сооопшти денеска турскиот министерот за внатрешни работи Ефкан Ала.

– Засега не е познато дали уапсените се поврзани со Ал Каеда, посочи министерот.

Вчерашниот напад беше изведен на пат крај селото Гедели во округот Нигде.
Напаѓачите, од камион што претходно го украле, отвориле оган врз припадници на жандармеријата и полицијата, кои извршувале проверки на патот.

Во нападот беа убиени тројца припадници на турските безбедносни сили, додека уште шестмина беа ранети.
Во престрелката што уследила убиен е возачот на камионот, а двајца од напаѓачите се ранети и фатени.
Ала соопшти дека последниот напаѓач по кого трагаа силите за безбедност, бил уапсен денеска.

Конфискувани се оружјето и муницијата на напаѓачите, посочи уште Ала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top