Еден од тренерите на јуниорските атлетичарки на репрезентацијата на Уганда беше обвинет за систематско сексуално и психичко злоставување во пресрет на минатогодишното првенство во крос на Африка.
Атлетичарките пред настапот поминале еден месец во тренинг-камп, каде што биле жртви, а еден од тренерите секоја вечер сексуално злоставувал по една од нив.
– Тој среде ноќ доаѓаше и нѐ будеше во нашите соби. Ни се закануваше дека ќе нѐ исфрли од кампот доколку кажеме нешто или го пријавиме. Немавме ниедна жена тренер на која можевме да ѝ се обратиме или пожалиме. Беше страшно. Кога ќе го одбиевме, тој ќе нѐ истепаше – изјави една од атлетичарките.
Името на обвинетиот тренер не е соопштено, но е познато дека тренинг-кампот го воделе тројца тренери. Уганда не успеа да освои ниеден медал на првенството на Африка.
Скандалот излезе во јавноста кога атлетичарките му се пожалија на капитенот на машката сениорска репрезентација, Мозес Кипсир.
– Кога една од девојките ми се довери, знаев дека морам да им помогнам. Бев огорчен и шокиран. Дознав дека тој тренер ги собрал јуниорските атлетичарки и им рекол доколку сакаат да трчаат добро, мора да имаат редовен секс или да родат дете. По неговата теорија, тогаш нивните нозе ќе бидат побрзи. Бев шокиран кога ја слушнав оваа глупост – изјави Кипсир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.