| четврток, 6 декември 2018 |

Помалку население во Чешка

Prague-suitqais-diariesБројот на жители во Чешка по десет години постојан раст бележи намалување поради миграцијата во странство и поради поголемиот број умрени од родени лица, пренесе МИА. Според чешката статистика, на крајот на 2013 година во земјата имало 10.512.400 луѓе или околу 3.700 помалку од претходната година. Ако се споредат изминатите две години, податоците покажуваат помалку склучени бракови и повеќе разводи. Лани опаднал и бројот на новородени за 1.800 деца во споредба со 2012 година, а се намалува и бројот на странци кои доаѓаат да живеат во земјата. Во текот на 2013 година се регистрирани 29.600 странци кои се населиле во Чешка, односно за 700 помалку годината претходно. Наспроти тоа, 30.900 Чеси ја напуштиле својата татковина, што е речиси 11.000 повеќе од 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top