Поранешниот селектор на Аргентина и тренер на Барселона, Цезар Меноти, смета дека Лионел Меси е способен во кој било момент да го реши натпреварот, но, од друга страна, смета дека не е тимски играч.
– Меси секој натпревар може да го реши со еден потег, само со неговиот индивидуален квалитет. Меѓутоа, од друга страна, тој не е тип фудбалер кој им прави добро на неговите соиграчи. Може да постигне и по три гола, но потребно му е соиграчите да му направат вистинска позиција и топката да ја донесат до него – смета Меноти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.