| четврток, 6 декември 2018 |

Хил: Македонија се однесува и треба да биде прифатена како членка на НАТО

kristofer hil

Треба да се посвети поголемо внимание на источното крило на НАТО, а особено треба да се врати вниманието на ситуацијата на Балканот.  Отсекогаш сум верувал дека Македонија, која се однесува како земја на НАТО, треба и да биде прифатена како таква.

Ова го вели Кристофер Хил, поранешен амбасадор во Република Македонија и заменик на помошникот на државниот секретар за источноазиски и за пацифички прашања, во интервју за „Гласот на Америка на македонски јазик“.

– Бездруго, ситуцијата на Крим ја зголеми напнатоста Исток-Запад. Тешко е да се каже дали ова е повторно создавање на Студената војна, но посекако мислам дека треба да се посвети поголемо внимание на источното крило на НАТО, а особено треба да се врати вниманието на ситуацијата на Балканот.  Отсекогаш сум верувал дека Македонија, која се однесува како земја на НАТО, треба и да биде прифатена како таква.  Искрено, би пошол и поддалеку.  Не се работи само за НАТО.  Се работи за поширокиот однос што го имаме со овие земји – вели Хил на прашањето дали кризата со Крим ќе влијае на НАТО да забрза со процесот на проширување.

Според него, очигедно, Русите ќе го прават истото во овие земји што сè уште не се примени во НАТО и го подвлече значењето на медиумите како „Гласот на Америка“ за презентирање на ставовите на САД и на ЕУ во врска со Русија до тие земји.

– Така, мислам дека е мошне важно да продолжиме со оваа јавна дипломатија, да обезбедиме дека брановите се отворени.  Знаете, едно од првите нешта што Русите ги направија на Крим беше да ги исклучат сите украински радио и ТВ-станици.  Така, мислам дека тоа што го прави „Гласот на Америка“ на Балканот, особено сега, можеби повеќе од кога и да е порано, треба да продолжи – порачува Хил.

Кристофер Хил е декан на Школата за меѓународни студии „Џозеф Корбел“ на Универзитетот во Денвер.  За време на дипломатската кариера, бил помошник на државниот секретар за источноазиски и за пацифички прашања и амбасадор во Ирак, Јужна Кореја, Полска и во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top