| четврток, 6 декември 2018 |

Потрагата по изчезнатиот малезиски авион е прекината поради темница

avion-35-

Меѓународната авионска потрага во Индискиот океан за евентуалните остатоци од авионот на „Мелезија ерјалнс“ заврши кога се спушти ноќта.

Австралија, Нов Зеланд и САД соопштија дека лошто време им пречело во нивните напори во претражување – пренесува „Би-би-си“.

Четири авиони се обидуваат да проверат дали двата објекти кои се пронајдени на сателитските снимки, се остатоци од исчезнатиот авион.

Авионот кој леташе на линија Куала Лумпур – Пекинг со 239 лица исчезна на 8 март. Авионот прво изгуби контакт со контролорите на летот и потоа му се губи секоја трага.

– Потрагата продолжува утре рано наутро – пишува во соопштението.

Авионите досега пребараа подрачје од 23 илјади метри квадратни.

Капетанот на првиот австралиски брод кој се врати од пребарувањето временските услови ги опиша како исклучително лоши, но немирно море и силен ветер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top