| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган по Фејсбук и Јутјуб ќе го затвора и Твитер

taip-erdogan-1382733859-386979

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска вети дека ќе го затвори Твитер, само две недели откако најави дека ќе ги забрани Фејсбук и ЈуТјуб, „ако е неопходно“.

– Ќе го искорениме Твитер. Не ме интересира што вели меѓународната заедница. Секој ќе ја види моќта на турската република – изјави Ердоган на предизборниот митинг во Бурса, десет дена пред локалните избори закажани за на 30 март.

За време на протестите за паркот Гези, во јуни минатата година, Ердоган социјалната мрежа Твитер ја опиша како „несреќа“ и изјави дека „таму има целосни лаги“.На 6 март премиерот се закани дека ќе ги забрани Фејсбук и ЈуТјуб, „ако биде неопходно“, преку неодамна донесениот спорен закон. Неколку дена подоцна Ердоган, сепак, ретерираше од оваа закана. Во коментарот, објавен во провладиниот весник „Јени шафак“, тој соопшти дека Владата е решена да се бори со „фалсификуваните и монтирани снимки на интернет“, но призна дека нема опасност од целосна забрана на социјалниот медиум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top