| четврток, 6 декември 2018 |

Украина создава „одреди на смртта“? (видео)

odred na smrtta

Новата влада во Киев создава таканаречена Национална гарда, а до сега регрутирала повеќе од 20.000 луѓе. Доброволците во центарот за воена обука крај Киев веќе го минале првиот дел од обуката. Поголемиот дел од регрутите биле припадници на ултрадесничарската група „Самоодбрана на Мајдан“, јавува Итар Тас.

Регрутни центри биле отворени ширум земјата а можеле да се пријават жени и мажи на возраст од 18 до 50 години. Предност имале поранешни војници.

Украинската влада сакала да стигне до бројка од 60.000 војници, а бројот ќе се зголемувал во случај на потреба. Задачата на Националната гарда требало да биде „одбрана на државните граници и борба против тероризмот“.

Сепак, аналитичарите сметаат дека Украина под плаштот на Националната гарда всушност создава „одреди на смртта“ кои ќе ги задушуваат бунтовите на југот и на истокот на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top