
Утре во периодот од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата Прашка, зграда на Импиксел, дел од улиците Црногорска и Мечкин Камен, како и градинка „Весели Цветови“ во општина Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД.
Истио ден од 12 до 17 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од населбатаМаџари и Кванташки Пазар, од 9 до 13 часот пак селото Шишево, од 9.30 до 15 часот жителите од улицата Ѓорче Петров, а од 9 до 14 часот дел од корисниците од булеварот Јане Сандански и дел од ТЦ „Бисер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


