Стан во скопската населба Карпош 4 се запалил пред околу 45 минути, а за тоа е известена скопската противпожарна бригада.
Засега не е познато кои се причините за пожарот. Пожарникарите со три возила веќе стигнале во зградата лоцирана во близина на мостот на ООН и ја исклучиле електричната инсталација за да спречат ширење на огнот.
Превентивно, пожарникарите побарале од станарите да ја напуштат зградата, но како што дознаваме тоа го направиле само станарите во близина на станот кој е во пламен. Засега нема инфомации за повредени или загинати.
Повеќе информации за овој настан, во текот на утрешнот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


