| четврток, 6 декември 2018 |

Пимен: Потребен е официјален документ од СПЦ, а не ветувачки изјави

Интервју со Европскиот епископ г. Пимен, објавено во 8-от број на неделникот „Република“ (26 октомври 2012)

Ми­тро­по­ли­тот Пи­мен, кој не­пол­ни шест го­ди­ни е на че­ло на Европ­ска­та епар­хи­ја, во мо­мен­тов ра­ко­во­ди 32 цр­ков­ни оп­шти­ни во 12 европ­ски зем­ји. За нај­но­ви­от пред­лог од срп­ски­от пре­тсе­да­тел Ни­ко­лиќ за ме­ѓу­цр­ков­ни­те од­но­си, во ин­терв­ју­то за не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“, вла­ди­ка­та Пи­мен ве­ли: „За прв­пат има­ме приз­на­ние од срп­ска стра­на де­ка проб­ле­мот е по­ли­тич­ки, што е во спро­тив­ност со дол­го­го­диш­ни­те твр­де­ња на Срп­ска­та цр­ква де­ка ста­ну­ва збор за цр­ко­вен, од­нос­но ка­но­ски проб­лем“. По об­ја­ву­ва­ње­то на збор­ни­кот тек­сто­ви под нас­лов „Што на­пи­шав, на­пи­шав“, г. Пи­мен пла­ни­ра да про­дол­жи со овој вид еду­ка­ци­ја на тие што сто­јат на пра­гот на цр­ква­та и раз­мис­лу­ва­ат да­ли да вле­зат и да оста­нат во неа

Pimen-vladika-1

Да­ли пред­ло­гот на срп­ски­от пре­тсе­да­тел Ни­ко­лиќ ќе при­до­не­се кон приб­ли­жу­ва­ње до ре­ше­ние за приз­на­ва­ње на МПЦ–ОА од стра­на на СПЦ. При­фат­лив ли е пред­ло­гот Вра­ни­шков­ски да би­де ос­ло­бо­ден, а за воз­врат МПЦ да до­бие то­мос, ко­га ве­ќе ед­наш та­ков до­ку­мент срп­ска­та цр­ква из­да­де за цр­ква­та на Вра­ни­шков­ски?
г. Пи­мен: Пред­ло­гот што до­а­ѓа од стра­на на срп­ски­от пре­тсе­да­тел Ни­ко­лиќ пот­тик­на мно­гу ана­ли­зи и раз­мис­лу­ва­ња во цр­ков­ни­те кру­го­ви за тоа да­ли е по­зи­ти­вен, не­га­ти­вен, по­пу­ли­стич­ки, по­сред­нич­ки, но Све­ти­от ар­хи­е­реј­ски си­нод на МПЦ сѐ уште не за­се­да­вал за да има­ме из­гра­ден ко­не­чен став, па за­тоа са­мо мо­жам да на­ве­дам не­кои од раз­мис­лу­ва­ња­та.
Ако г. Ни­ко­лиќ пред да ја да­де оваа из­ја­ва се кон­сул­ти­рал со Срп­ски­от цр­ко­вен врв и до­бил сог­лас­ност да ја пу­шти во ете­рот, што лич­но ве­ру­вам де­ка е та­ка, се­ка­ко е по­зи­тив­на за­што во­ди кон об­но­ву­ва­ње на ди­ја­ло­гот (кој не­кол­ку го­ди­ни е во пре­кин) до не­го­во ко­неч­но ре­ше­ние, а ини­ци­ја­тор за тоа е СПЦ.

Ако е са­мо блеф за да се ви­дат ре­ак­ци­и­те од на­ша стра­на или ако се за­ста­не са­мо на пр­ви­от дел да се ос­ло­бо­ди г. Вра­ни­шков­ски од за­твор, а за воз­вра­тат да до­би­е­ме са­мо не­из­вес­ни пре­го­во­ри ме­сто бом­ба­стич­но нај­а­ве­ни­от то­мос за приз­на­ва­ње, се тол­ку­ва ка­ко не­га­ти­вен. По­стои сом­не­ва­ње тој пред­лог да е да­ден са­мо за пре­тсе­да­те­лот да се ам­не­сти­ра пред ма­ке­дон­ска­та јав­ност за из­ја­ви­те да­ва­ни за Ма­ке­до­ни­ја и за ма­ке­дон­ски­от на­род за вре­ме на гра­де­ње­то на не­го­ва­та по­ли­тич­ка ка­ри­е­ра пред не­го­во­то до­а­ѓа­ње.

Се­пак, нес­пор­на е ед­на ра­бо­та, ко­ја е по­зи­тив­на, а ко­ја де­но­ви­ве ја ка­жа и ми­тро­по­ли­тот Ти­мо­теј, де­ка за прв­пат има­ме приз­на­ние од срп­ска стра­на де­ка проб­ле­мот е по­ли­тич­ки, што е во спро­тив­ност со дол­го­го­диш­ни­те твр­де­ња на Срп­ска­та цр­ква де­ка ста­ну­ва збор за цр­ко­вен, од­нос­но ка­но­ски проб­лем. На крај, се­пак, сме­там де­ка е не­у­мес­но да се пра­ќа­ат по­сред­ни­ци во ли­кот на акту­ел­ни­те по­ли­ти­ча­ри за ед­но ва­кво по­ве­ќе­де­це­ни­ско пра­ша­ње и де­ка СПЦ би тре­ба­ло да ис­пра­ти и офи­ци­ја­лен до­ку­мент за тоа ка­ко по­твр­да, а не са­мо ве­ту­вач­ки из­ја­ви.

Ние ка­ко цр­ква не­ма­ме власт ни­ту да за­тво­ра­ме не­ко­го, ни­ту, пак, да го ос­ло­бо­ду­ва­ме. Има­ме пра­во и об­вр­ска да про­сту­ва­ме, да се по­мо­ли­ме за греш­ни­кот и мо­же да се за­ло­жи­ме со пре­по­ра­ка не­кој да би­де по­ми­лу­ван, но, се­пак, ко­неч­на­та од­лу­ка ќе тре­ба да ја до­не­се тој што има пра­во и власт да по­ми­лу­ва не­кој осу­де­ник. Ко­неч­но, ако, на­ви­сти­на, за­ло­гот е та­ков ка­ков што го нај­а­ву­ва срп­ски­от пре­тсе­да­тел, јас лич­но би се за­ла­гал ка­ко член на Си­но­дот да би­де ос­ло­бо­ден еден чо­век во ин­те­рес на си­те пра­вос­лав­ни хри­сти­ја­ни во Ма­ке­до­ни­ја, кои, спо­ред оваа из­ја­ва, се за­лож­ни­ци на не­го­во­то за­тво­ра­ње.

Pimen-vladika-2МПЦ – ОА го­ди­на­ва од­бе­ле­жу­ва 45 го­ди­ни од сво­ја­та авто­ке­фал­ност. Све­ти­от си­нод на МПЦ-ОА се про­ши­ри со уште двај­ца но­ви вла­ди­ци, кои се сѐ уште ви­кар­ни. Бе­ше отво­ре­на те­ма­та за разд­во­ју­ва­ње на Ав­стра­ли­ско-но­во­зе­ланд­ска­та епар­хи­ја, ка­ко и пов­ле­ку­ва­ње од та­му на се­гаш­ни­от ад­ми­ни­стра­тор, вла­ди­ка­та Пе­тар, чиј­што ман­дат е исте­чен? Што мо­же да оче­ку­ва­ме но­во од оваа, та­ка да ре­чам, тре­та ге­не­ра­ци­ја чле­но­ви на Си­но­дот?
г. Пи­мен: На пос­лед­на­та сед­ни­ца на Си­но­дот бе­ше спо­ме­на­то пра­ша­ње­то за по­дел­ба на Ав­стра­ли­ско-но­во­зе­ланд­ска­та епар­хи­ја по пред­лог на над­леж­ни­от ад­ми­ни­стра­тор г. Пе­тар, но по­ра­ди се­ри­оз­но­ста на пра­ша­ње­то и усог­ла­су­ва­ње на по­дел­ба­та со ка­но­ни­те на пра­вос­лав­на­та цр­ква бе­ше пред­ло­же­но тоа да се по­ме­сти за не­ко­ја след­на сед­ни­ца. Да по­јас­нам са­мо де­ка во пред­ло­гот за по­дел­ба на епар­хи­ја­та не стои де­ка ми­тро­по­ли­тот Пе­тар би се пов­ле­кол це­лос­но, ту­ку би оста­нал да ад­ми­ни­стри­ра со ед­на од нив.
Ка­ко што спо­ме­на­вте, по по­вод од­бе­ле­жу­ва­ње­то 45 го­ди­ни од сво­ја­та авто­ке­фал­ност МПЦ-ОА из­бра двај­ца но­ви епи­ско­пи во ли­кот на Јо­сиф Ве­лич­ки и Јо­сиф Ле­шоч­ки, кои ќе би­дат ви­кар­ни епи­ско­пи во Скоп­ска­та, од­нос­но во Ку­ма­нов­ско-по­ло­шка­та епар­хи­ја. Ка­ко што бе­ше наг­ла­се­но при нив­ни­от из­бор од стра­на на порт­па­ро­лот на Си­но­дот, ми­тро­по­ли­тот Ти­мо­теј, де­ка ќе не­ма­ат пра­во на глас во пр­во вре­ме, и не мо­же да се оче­ку­ва Богз­нае ка­кви ре­зул­та­ти, но во ид­ни­на, во за­вис­ност од нив­ни­от на­та­мо­шен ан­гаж­ман, ќе се оче­ку­ва­ат све­жи идеи за раз­вој на цр­ква­та.

Со­го­вор­ник или по­сред­ник?
„Сме­там де­ка е не­у­мес­но да се пра­ќа­ат по­сред­ни­ци во ли­кот на акту­ел­ни­те по­ли­ти­ча­ри за ед­но ва­кво по­ве­ќе­де­це­ни­ско пра­ша­ње и де­ка СПЦ би тре­ба­ло да ис­пра­ти и офи­ци­ја­лен до­ку­мент за тоа ка­ко по­твр­да, а не са­мо ве­ту­вач­ки из­ја­ви.“

Не­о­дам­на пог­ла­ва­рот Сте­фан ја из­не­се сво­ја­та раз­о­ча­ра­ност од сла­би­от на­та­ли­те­те во ма­ке­дон­ски­те пра­вос­лав­ни се­мејс­тва. Го по­ви­ка на­се­ле­ни­е­то да се по­пра­ви ва­ква­та де­мо­граф­ска со­стој­ба во Ма­ке­до­ни­ја. Но, вер­ни­ци­те со­о­че­ни со не­ма­шти­ја, ве­лат де­ка не мо­жат да си доз­во­лат по­ве­ќе од две де­ца. Има ли МПЦ – ОА сво­ја стра­те­ги­ја за по­до­бру­ва­ње на це­ла­та си­ту­а­ци­ја ме­ѓу хри­сти­ја­ни­те?
г. Пи­мен: Оваа те­ма е акту­ел­на со го­ди­ни на­на­зад и на­ши­от ар­хи­е­пи­скоп г.г. Сте­фан, а и си­от клер на на­ша­та цр­ква по­сто­ја­но јав­но апе­ли­ра и се за­ла­га за мно­гу­дет­ност во со­вре­ме­ни­те се­мејс­тва. Овој апел не­кол­ку го­ди­ни на­на­зад се спо­ме­ну­ва во Бо­жиќ­ни­те пос­ла­ни­ци на САС, но и во на­ши­те се­којд­нев­ни про­по­ве­ди. Тој бе­ше спо­ме­нат и во ре­зо­лу­ци­ја­та од не­о­дам­неш­ни­от Ар­хи­е­пи­скоп­ски цр­ков­но-на­ро­ден со­бор во Ка­ли­ште. Су­деј­ќи спо­ред ко­мен­та­ри­те, ме­ѓу на­ро­дот има чу­де­ње зо­што ние ка­ко цр­ква по­сто­ја­но ја акту­а­ли­зи­ра­ме оваа те­ма.

Но, тре­ба да се знае де­ка пр­ви­от бла­гос­лов од са­ми­от Гос­под Бог на на­ши­те пра­ро­ди­те­ли Адам и Ева бил вр­зан со за­по­вед да се пло­дат и мно­жат и та­ка да ја зав­ла­де­ат зем­ја­та. Во сог­лас­ност со оваа за­по­вед и ние ка­ко чу­ва­ри на ве­ра­та сме долж­ни да го пот­тик­ну­ва­ме на­ши­от ве­рен на­род да се др­жи до ве­ра­та и до тра­ди­ци­ја­та на на­ши­те не тол­ку дам­неш­ни пред­ци за мно­гу­дет­ни се­мејс­тва и да ги отфр­ли си­те тие из­го­во­ри на со­вре­ме­но­то оп­штес­тво од ти­пот де­ка се не­ма средс­тва за ег­зи­стен­ци­ја и за одг­ле­ду­ва­ње де­ца, а всуш­ност зад тоа го зат­скри­ва­ат сво­јот его­и­зам и ка­ри­е­ри­зам.

Мал ли е бро­јот на лу­ѓе што по­ра­ди сво­јот ко­мо­ди­тет не се ре­ша­ва­ат да ста­пат во брак и да ра­ѓа­ат де­ца во не­го или, пак, кои по­ра­ди лич­на­та ка­ри­е­ра од­ло­жу­ва­ат со го­ди­ни се­ме­ен жи­вот? Фа­ктич­ка­та со­стој­ба на те­ре­нот лес­но мо­же да ни по­твр­ди де­ка оваа те­о­ри­ја за еко­ном­ска­та со­стој­ба со на­ма­ле­ни­от на­та­ли­тет не др­жи во­да би­деј­ќи таа по­ка­жу­ва де­ка ни­ту имот­ни­те се­мејс­тва не ра­ѓа­ат по­ве­ќе де­ца, ни­ту нај­си­ро­маш­ни­те се огра­ни­чу­ва­ат на ед­но де­те. Ста­ну­ва збор за ед­на убе­де­ност на на­ро­дот де­ка нај­до­бро ре­ше­ние е про­ста­та ре­про­дук­ци­ја.

Ние ка­ко цр­ква, на­ви­сти­на, не мо­же­ме којз­нае кол­ку да по­мог­не­ме око­лу ма­те­ри­јал­но­то сти­му­ли­ра­ње на по­ве­ќеч­ле­ни­те се­мејс­тва, ка­ко што пра­ви др­жа­ва­та, но, се­ка­ко, мо­же­ме и мо­ра­ме да ра­бо­ти­ме на по­диг­ну­ва­ње на со­ве­ста за еден друг се­ри­о­зен проб­лем за по­диг­ну­ва­ње на на­та­ли­те­тот, а тоа е не­сфа­ќа­ње­то на те­жи­на­та на гре­вот на абор­ту­сот од стра­на на тие што ле­ко­мис­ле­но и без тро­шка со­вест се ре­ша­ва­ат на тој че­кор.

Ако са­мо се на­пра­ви ми­си­ја ме­ѓу ги­не­ко­ло­зи­те за да се за­мо­лат при пр­ва­та сред­ба со тие што има­ат на­ме­ра да абор­ти­ра­ат да им спо­ме­нат за се­ри­оз­но­ста на нив­на­та од­лу­ка, ме­сто вед­наш да ги по­ве­дат во са­ла за не­го­во из­вр­шу­ва­ње, сме­там де­ка зна­чи­тел­но би се про­ме­ни­ла де­мо­граф­ска­та стру­кту­ра на зем­ја­ва. Спо­ред офи­ци­јал­ни­те по­да­то­ци што се об­ја­ву­ва­ат, ток­му пре­ку абор­ти­ра­ње­то го­диш­но гу­би­ме по еден и не тол­ку мал град.
Но, овој проб­лем не е ло­ка­лен, ту­ку е проб­лем на си­те хри­сти­јан­ски др­жа­ви и на­ро­ди во Евро­па, што уште ед­наш по­твр­ду­ва де­ка еко­но­ми­ја­та е са­мо лош из­го­вор.

Pimen-vladika-3

Да­ли пог­ла­ва­рот Сте­фан, чи­ја­што по­зи­ци­ја во Си­но­дот е да би­де прв ме­ѓу ед­на­кви­те, е отво­рен за пред­ло­зи­те што до­а­ѓа­ат од пом­ла­ди­те чле­но­ви на Си­но­дот. По­сто­јат ли не­пре­мост­ли­ви раз­ли­ки ме­ѓу пом­ла­ди­те и по­ста­ри­те вла­ди­ци во Си­но­дот?
г. Пи­мен: Отка­ко сум јас член на Све­ти­от ар­хи­е­реј­ски си­нод на на­ша­та цр­ква не се слу­чи­ло да би­де по­ста­ве­но на дне­вен ред пра­ша­ње што би би­ло ја­бол­ко на раз­до­рот ме­ѓу две­те ге­не­ра­ции вла­ди­ци. Ко­га се ра­бо­ти за пра­ша­ња од дог­мат­ски или од ка­нон­ски ка­ра­ктер и не мо­же да има по­де­ле­ност за­тоа што Хри­стос е еден и ист и вче­ра и де­нес и утре, но ко­га се ра­бо­ти за пра­ша­ња од па­стир­ски ас­пект за раз­вој на цр­ква­та, мо­же да се по­ја­ви ге­не­ра­ци­ско раз­ног­ла­сие за при­ста­пот кон вер­ни­от на­род.
Ар­хи­е­пи­ско­пот г.г. Сте­фан, кој е сво­е­ви­ден спој на овие две ге­не­ра­ции, се­ка­ко, има клуч­на уло­га во нив­но­то над­ми­ну­ва­ње би­деј­ќи кај не­го по­стои отво­ре­ност за но­ви идеи, кои би нѐ приб­ли­жи­ле кон на­ро­дот, ка­ко што се отво­ра­ње­то веб-стра­ни­ци, пор­та­ли, про­фи­ли на „Фејс­бук“, ин­тер­нет-ра­дио, цр­ков­на те­ле­ви­зи­ја и слич­но. Би спо­ме­нал и де­ка не мо­ра се­ко­гаш овие идеи да по­тек­ну­ва­ат од пом­ла­ди­те ге­не­ра­ции за­тоа што има­ме и вла­ди­ци од по­ста­ра­та ге­не­ра­ци­ја, кои од­лич­но го сле­дат раз­во­јот на со­вре­ме­но­то оп­штес­тво и по­тре­ба­та на на­ше­то прис­по­со­бу­ва­ње кон не­го.

Фи­ска­ли­за­ци­ја на цр­ква­та?
Pimen-vladika-4„Не сум срет­нал фи­ска­ли­за­ци­ја во ни­ед­на цр­ква, без раз­ли­ка во ко­ја зем­ја се на­о­ѓа или на ко­ја кон­фе­си­ја при­па­ѓа, па та­ка и на­ши­те цр­кви низ Евро­па не се фи­ска­ли­зи­ра­ни. Во по­го­ле­ми­от број европ­ски зем­ји, и по­крај до­бро­вол­ни­те при­ло­зи за цр­ква­та, се со­би­ра и еден вид ре­ли­ги­о­зен да­нок (во кој ние ка­ко епар­хи­ја не сме вклу­че­ни) од вер­ни­ци­те, кои во раз­лич­ни др­жа­ви има раз­лич­ни ими­ња и го­диш­на ста­вка.“

Ми­тро­по­ли­тот де­бар­ско-ки­чев­ски Ти­мо­теј со го­ди­ни е порт­па­рол на цр­ква­та, да­ли сте раз­мис­лу­ва­ле МПЦ-ОА на таа по­зи­ци­ја да ан­га­жи­ра про­фе­си­о­на­лец – чо­век од­го­во­рен за од­но­си со јав­ност или тоа се не­ги­ра со не­кои цр­ков­ни пра­ви­ла?
г. Пи­менНе се раз­мис­лу­ва­ло за про­ме­на на акту­ел­ни­от порт­па­рол на Си­но­дот г. Ти­мо­теј, но се­ка­ко де­ка се раз­мис­лу­ва­ло и се раз­го­ва­ра­ло за ан­га­жи­ра­ње аген­ци­ја за од­но­си со јав­но­ста или за обу­чу­ва­ње лу­ѓе од цр­ква­та пре­ку се­ми­на­ри и кур­се­ви и би мо­же­ло да се на­пра­ви сон­да­жа на те­ре­нот за тоа што би са­ка­ле лу­ѓе­то да чу­јат и да ви­дат од нас за во ид­ни­на да не се до­ве­ду­ва­ме во си­ту­а­ци­ја на глу­ви лу­ѓе што збо­ру­ва­ат не­што за што не се пра­ша­ни би­деј­ќи не би­ле во мож­ност да чу­јат што ги пра­ша­ле и та­ка да не би­де­ме слу­ша­ни. Тоа не про­ти­вре­чи на цр­ков­ни­те пра­ви­ла би­деј­ќи од ан­га­жи­ра­ни­те про­фе­си­о­нал­ци не­ма да ба­ра­ме дог­мат­ски и ка­нон­ски со­ве­ти ту­ку са­мо пра­вец за по­лес­но приб­ли­жу­ва­ње до на­ро­дот, па за­тоа не е грев да се дејс­тву­ва во таа на­со­ка.

Гос­по­дин Пи­мен, не­пол­ни шест го­ди­ни сте над­ле­жен ар­хи­е­реј на Европ­ска­та епар­хи­ја, Ва­ше­то се­ди­ште е во Мал­ме, Швед­ска, ка­де што по­диг­на­вте и нов храм. До ка­де е из­град­ба­та на цр­кви­те во Мајнц, Гер­ма­ни­ја, во Трин­ген, Швај­ца­ри­ја… Да­ли ја има­те по­треб­на­та под­др­шка од та­мош­но­то на­се­ле­ние?
г. Пи­мен: Без по­треб­на­та под­др­шка и ан­гаж­ман на на­шин­ци­те не би мо­же­ле да ги има­ме овие до­стиг­ну­ва­ња низ епар­хи­ја­та во из­ми­на­ти­ве шест го­ди­ни. Бла­го­да­ре­ние на Бож­ја­та ми­лост и на оваа под­др­шка, пред две го­ди­ни го из­гра­див­ме, осве­тив­ме и ста­вив­ме во бо­гос­луж­бе­на упо­тре­ба хра­мот„Св. На­ум Охрид­ски“ во Три­ген, а се­га про­дол­жу­ва­ме по­на­та­му со из­град­ба на при­друж­ни­те об­је­кти та­му, но и да ги при­ве­де­ме при крај град­би­те на цр­кви­те во Мајнц и во Мал­ме, кои по по­вод го­ле­ми­от ју­би­леј на Цр­ква­та, 1700 го­ди­ни од Ми­лан­ски­от едикт, след­на­та 2013 го­ди­на, со Бож­ја по­мош, ќе се осве­тат.

Во овие шест из­ми­на­ти го­ди­ни би ги спо­ме­нал и из­град­ба­та на па­рак­ли­сот во Бер­лин, ку­пу­ва­ње­то и пре­у­ре­ду­ва­ње­то на об­је­кти­те во Ви­е­на, Ха­но­вер, ку­пе­но­то зем­ји­ште за град­ба на храм во За­греб, пре­у­ре­де­ни­те цр­кви во Па­риз, Не­и­ве, Пја­чен­ца и се­то тоа, по­втор­но ќе ре­чам, со под­др­шка­та од на­ши­те исе­ле­ни­ци би­деј­ќи це­ло­то фи­нан­си­ра­ње на си­те овие про­е­кти е од нив­ни­те лич­ни­те до­на­ции.


Ка­ко жи­ве­ат Ма­ке­дон­ци­те во Дан­ска, Швед­ска, Гер­ма­ни­ја? Има­те ли по­да­ток за бро­јот на вер­ни­ци­те? Да­ли жи­ве­ат со­бо­рен жи­вот и на кои проб­ле­ми нај­че­сто Ви се жа­лат?

г. Пи­мен: Со ог­лед на тоа што нај­ста­ра­та европ­ска еми­гра­ци­ја, од сре­ди­на­та на пе­де­сет­ти­те го­ди­ни на 20 век, се на­се­ли­ла во Швед­ска, мо­же да се ка­же де­ка тре­та­та и че­твр­та­та ге­не­ра­ци­ја на еми­гра­ци­ја се до­бро вклу­че­ни во тоа оп­штес­тво, но не и аси­ми­ли­ра­ни. Исто­то се од­не­су­ва и на Гер­ма­ни­ја и на Дан­ска, еми­гра­ци­ја што, глав­но, е од се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни на 20 век. Што се од­не­су­ва до бро­јот на вер­ни­ци­те, точ­на­та број­ка ни­ко­гаш не мо­же да се утвр­ди, но има­ме не­кои не­о­фи­ци­јал­ни ин­фор­ма­ции. Ста­ну­ва збор за 150 до 200.000 пра­вос­лав­ни Ма­ке­дон­ци низ це­ли­от европ­ски кон­ти­нент. Тоа, се­ка­ко, не зна­чи де­ка си­те тие ја по­се­ту­ва­ат цр­ква­та би­деј­ќи не­кои од нив се оту­ѓи­ле, а до дел од нив ние не мо­же­ме да до­пре­ме од тех­нич­ки при­чи­ни што не­ма­ме нив­ни адре­си, но и по­ра­ди не­ма­ње­то мож­ност се­ка­де да се ор­га­ни­зи­ра­ме на цр­ко­вен план. Во на­ша­та епар­хи­ја по­сто­јат 32 цр­ков­ни оп­шти­ни во 12 европ­ски зем­ји, ка­де што пре­ку ре­дов­ни­те или по­вре­ме­ни бо­гос­луж­би се тру­ди­ме да го за­др­жи­ме и уна­пре­ди­ме со­бор­ни­от жи­вот.
Pimen-vladika-5Проб­ле­ми­те што нај­че­сто се спо­ме­ну­ва­ат ме­ѓу на­ша­та еми­гра­ци­ја се од­не­су­ва­ат на те­шко­ти­и­те при за­чу­ву­ва­ње­то на мај­чи­ни­от ја­зик кај пом­ла­ди­те ге­не­ра­ции, ка­ко и на ад­ми­ни­стра­тив­ни­те проб­ле­ми при сре­ду­ва­ње­то на лич­на­та до­ку­мен­та­ци­ја ко­га до­а­ѓа­ат во Ма­ке­до­ни­ја.

Ва­ша­та пр­ва кни­га „Што на­пи­шав, на­пи­шав“ из­ле­зе од пе­чат ми­на­та­та го­ди­на. Да­ли под­го­тву­ва­те не­што но­во?
г. Пи­мен: „Што на­пи­шав, на­пи­шав“ е збор­ник на мои тек­сто­ви об­ја­ву­ва­ни низ не­кол­ку пе­ча­те­ни ме­ди­у­ми или на ин­тер­нет-пор­та­ли низ зем­ја­ва и во странс­тво. Сог­ле­ду­вај­ќи го ефе­ктот од неј­зи­но­то об­ја­ву­ва­ње се мо­ти­ви­рам и по­на­та­му да про­дол­жам со овој вид еду­ка­ци­ја на тие што сто­јат на пра­гот на цр­ква­та и раз­мис­лу­ва­ат да­ли да вле­зат и да оста­нат во неа. Па, здрав­је Бо­же, мо­же да се по­ја­ви и не­кој нов збор­ник во ид­ни­на, ко­га ќе имам зад се­бе до­вол­но ма­те­ри­јал и це­ли­на од тие тек­сто­ви.

Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top