Шеснаесеттиот автомобил „рено твинго“ од инстант лотаријата „Твингоманија“ го доби Игор Неделковски од Прилеп. Добитникот на автомобилот со нескриено задоволство ја сподели со нас неговата среќна приказна порачувајќи им на сите што играат игри на среќа да продолжат да играат и да веруваат дека секој има свој среќен ден и среќан миг.
Игор е пасиониран редовен играч на Бинго, а татко му уште од време на почетоците на играта лото на поранешните ЈУ простори ги игра истите бројки, сѐ уште нема поголема добивка, но пополнувањето ливче и уплатата му се како ритуал кој го радува и исполнува. По навиките на својот татко кој редовно уплаќа полно ливче „НовоЛото“ во секоја среда и сабота, Игор не испушта понеделник да не уплати барем една картичка „бинго“, а за кусурот до 100 денари зема инстант лоз. Неговото редовно место за уплата – киоскот „АЈ НИКА“ во Прилеп, се покажа и како негово среќно место. Во понеделникот на 10 март за кусурот од Бинго уплатата земал инстант лоз „твингоманија“. Посегнал по првиот пред него, без да избира, па очигледно „твингото“ го избрало него, бидејќи во изгребаните полиња се покажале трите симболи за добивка автомобил.
Ова му е на Игор прв автомобил, па возбудата кај него, неговото семејство и пријателите е дотолку поголема. Од денот на гребење на добитниот лоз, тој го подигна своето „рено твинго“ за неполни десет дена, а во меѓувреме веќе знаеше сѐ за овој штедлив симпатичен автомобил. Му објаснивме дека данокот не е негова обврска, а покрај со автомобилот, од просториите на Државна лотарија на Македонија си замина и со уште 6000 денари на сметка. Тимот на Државна лотарија запиша уште една среќна приказна вредна за споделување и прераскажување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.