Премиерот Никола Груевски денеска ќе учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), кој ќе се одржи во Брисел, Белгија. Самитот на Европската народна партија ќе се одржува во пресрет на седницата на Европскиот совет.
Меѓу присутните на Конгресот се и германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој, полскиот премиер Доналд Туск, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, како и актуелниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот Совет, Херман ван Ромпуј.
ЕПП е најголема политичка партија на европско ниво, во која партиципарат 12 шефови на влади на држави од ЕУ. ЕПП е претставена и со 14 членови на Европската комисија и има најбројна пратеничка група во Европскиот парламент. Таа претставува најголемата и највлијателна политичка партија на повеќе одлучувачки нивоа во Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски