| четврток, 6 декември 2018 |

„Смат“: Не би са­ка­ле си­те да нѐ слу­ша­ат

Ед­на од нај­ста­ри­те ма­ке­дон­ски хард­кор-гру­пи го­ди­на­ва го сла­ви сво­е­то пол­но­лет­ство. „Смат“ (SMUT) по­крај ро­ден­ден­ски­от кон­церт, на кој ќе го­сту­ва­ат, ка­ко што ве­лат, гру­пи што тие са­ка­ат да ги слу­ша­ат, ќе го прес­ни­мат и сво­јот прв ал­бум, а ќе се сни­ма и ви­де­ос­пот на са­мо­то сни­ма­ње на ал­бу­мот.

Нивниот роденденски концерт ќе се одржи во петок, 21 март, во скопскиот ноќен клуб „Хавана“ со почеток во 20 часот.

Ли­де­рот и во­кал, Ѓор­ѓи Илов­ски, нај­поз­нат ка­ко Ѓо­ле Смат, ве­ли де­ка овие 18 го­ди­ни па­тот бил на­ви­сти­на те­жок, но не оче­ку­ва­ле ни­што по­и­на­ку. За­ед­но со Бла­го­ја Ан­тов­ски на та­па­ни, Ог­нен Шап­ка­ров­ски и Го­ран Ри­стев­ски на ги­та­ра, а Дар­ко Нај­дов­ски на бас, оста­ну­ва­ат во пр­ви­те ре­до­ви во бор­ба­та за до­бра и из­др­жа­на му­зи­ка, за ко­ја ве­лат де­ка се­ко­гаш има од­бра­на пуб­ли­ка.

Поч­на­вте во вре­ме­то ко­га сѐ уште се сни­ма­ше на ка­се­ти, ту­ка не­ма­ше ин­тер­нет, „Јут­јуб“, а ви­де­ос­по­то­ви­те беа ре­ткост. Во ед­на та­ква око­ли­на, ка­ко се ро­ди „Смат“?

Иловски: Ка­ко и се­кој по­че­ток, и овој бе­ше те­жок. Проб­ле­мот што збо­рот „те­жок“ се пров­ле­ку­ва низ го­ди­ни­те ка­ко стар не­при­ја­тел со ко­го и да са­ка­ме да се раз­ми­не­ме, не мо­же­ме, па од­вре­ме-на­вре­ме по­ми­ну­ва да нѐ поз­дра­ви. Во тоа вре­ме, ви­сти­на, не по­сто­е­ше ин­тер­не­тот и со­вре­ме­ни­те дре­бу­лии на мо­дер­но­то вре­ме. Но, по­сто­е­ше искре­ност и љу­бов во тоа што са­каш да го ра­бо­тиш. Де­не­ска си­те се са­мо­прог­ла­се­ни хе­рои и ле­ген­ди со еден ста­тус на ин­тер­нет. Нај­ле­сен на­чин во де­неш­но вре­ме „ма­ли­от и нес­по­со­бен из­ве­ду­вач“ да би­де за­бе­ле­жан е да проз­бо­ри ло­шо и да оцр­ни труд на чо­век што ра­бо­ти со го­ди­ни!  То­гаш го­во­реа де­ла­та на гру­пи­те и на из­ве­ду­ва­чи­те. Кол­ку ова и да зву­чи ка­ко кли­ше, на­ви­сти­на бе­ше та­ка. Мо­же­би по­крај не­до­стиг од си­те ин­фор­ма­ции и вли­ја­ни­ја гру­пи­те и из­ве­ду­ва­чи­те имаа дел што бе­ше не­чеп­нат од „трен­до­ви­те“ и мо­же­ше да се соз­да­де не­што свое.

IMG_1482

Мо­же­би ме­тал­ска­та му­зи­ка и не е при­фа­те­на од си­те, но за­тоа, пак, има вер­ни обо­жа­ва­те­ли. За­тоа „Смат“ се ед­ни од ре­тки­те што соз­да­ва­ат и ус­пеш­но оп­сто­ју­ва­ат на ма­ке­дон­ска­та му­зич­ка сце­на. Кол­ку беа сла­тко-горч­ли­ви овие 18 го­ди­ни.

Иловски: Му­зи­ка­та е при­фа­те­на ток­му кол­ку што тре­ба да би­де. За сре­ќа, цел­та на оваа му­зи­ка не се си­те. Ние, на­ви­сти­на, не би са­ка­ле си­те да нѐ слу­ша­ат. Таа пуб­ли­ка што до­а­ѓа на на­ши­те кон­цер­ти знае точ­но за­што е та­му, што са­ка и што мо­же да оче­ку­ва! Та­кви­те лу­ѓе на на­ши­те кон­цер­ти не би ги за­ме­нил за ни­ко­го!

Во спо­ред­ба со ма­ке­дон­ска­та поп-сце­на или но­во­ком­по­ни­ра­на му­зи­ка… не би са­кал да ко­мен­ти­рам во ло­ша ко­но­та­ци­ја, но та­му си­ту­а­ци­ја­та е ка­та­стро­фа. Во оваа сце­на кол­ку-тол­ку се по­ста­ве­ни ра­бо­ти­те ка­ко што тре­ба да би­дат во ед­на за­бо­ра­ве­на зем­ја.  Ние сме ед­ни од ре­тки­те што сви­рат тол­ку го­ди­ни за­тоа што ни­ко­гаш не сме глу­ме­ле лу­ди­ло и не сме се прет­ста­ву­ва­ле ка­ко не­што што не сме. За раз­ли­ка од поп-из­ве­ду­ва­чи­те, кои сни­ма­ат ска­пи спо­то­ви во из­нај­ме­ни ку­ќи, а во ре­ал­но­ста жи­ве­ат под ки­ри­ја со трој­ца ци­ме­ри и мо­лат по ра­ди­о­ста­ни­ци­те и те­ле­ви­зи­и­те да им го пу­штат спо­тот за да би­дат слав­ни во на­сел­ба. Да ги поз­дра­ву­ва­ат ко­га одат во об­ло­жу­вал­ни­ца, бесп­лат­но да одат на фри­зер и мај­ка им да би­де глав­на во ком­шии.

Овие 18 го­ди­ни па­тот бе­ше, на­ви­сти­на, те­жок, но не оче­ку­вав­ме ни­што по­и­на­ку.  Во се­кој пог­лед, ка­де и да се свр­ти­ме гор­чи­на­та бе­ше при­сут­на, но и пре­суд­на ко­га се ра­бо­ти за инс­пи­ра­ци­ја во тек­сто­ви­те (кој ги про­чи­тал знае за што збо­ру­вам). Не­кол­ку  па­ти за тек­сто­ви­те сме до­би­ва­ле за­ка­ни, се слу­чу­ва­ло на вре­ме­то, ко­га бев­ме го­сти во ра­ди­о­е­ми­си­ја, да вле­зат две „го­ри­ла“ и да ја со­бе­рат це­ла­та опре­ма во ра­ди­о­то баш по­ра­ди ви­сти­на­та што ја ка­жу­вав­ме, за по не­ко­ја го­ди­на исти­те лу­ѓе да ги пу­шта­ат исти­те пес­ни на про­те­сти. Тр­ка­ло­то се вр­ти, по­ра­ка­та за си­те е иста, а ние не пре­ста­нав­ме да ка­жу­ва­ме што ни пре­чи, без раз­ли­ка кој е ви­но­вен!

420237_10151306870396130_819771005_n

Баш ка­ко Су­пер­мен, пре­ку ден сте Кларк Кент. Кол­ку Ва­ша­та ре­дов­на ра­бо­та и ра­бот­ни­от Ѓо­ле е во рам­но­те­жа со ли­де­рот на „Смат“?

Иловски: Во не­кол­ку на­вра­ти сум ка­жал де­ка „Смат“ и не­го­ви­те чле­но­ви има­ат мно­гу ус­пе­си ка­ко сни­ме­ни ал­бу­ми, сви­ре­ње од­лич­ни кон­цер­ти, сви­ре­ње со свет­ски ими­ња, прет­ста­ву­ва­ње на сво­ја­та зем­ја над­вор, но нај­го­ле­ми­от ус­пех во на­ши­от жи­вот е тоа што при­ја­те­ли­те и фа­ми­ли­ја­та нѐ при­фа­ти­ле та­кви ка­кви што сме.

На по­че­то­кот си­гур­но мис­леа „абе де­ца се, ќе им по­ми­не“, но ка­ко што по­ми­ну­ваа го­ди­ни­те таа при­каз­на се пре­тво­ри во „абе до ко­га ќе се глу­пи­ра­те“ за на крај, во пос­лед­на­та ета­па да би­де „бра­во“. Не­ма по­го­ле­мо за­до­волс­тво и по­бе­да од тоа да те при­фа­тат та­ков ка­ков што си и де­ка е со­сем нор­мал­но да сви­риш агре­сив­на му­зи­ка. Ме­не ми зна­чи што мо­и­те ко­ле­ги, кои не са­ка­ат ва­ква му­зи­ка, ме при­фа­ти­ле та­ков ка­ко што сум и таа под­др­шка мно­гу ми зна­чи. Фа­ми­ли­и­те и при­ја­те­ли­те на гру­па­та раз­би­ра­ат кол­ку ни зна­чи „Смат“! Та­ка што, во овој слу­чај е мно­гу лес­но да одр­жу­ваш рам­но­те­жа ме­ѓу „Смат“ и днев­ни­те об­вр­ски.

Всуш­ност, што зна­чи „Смат“ (не са­мо име­то, ту­ку и Ва­ша­та по­ли­ти­ка)?

Иловски: Зна­че­ње­то на „Смат“ нај­лес­но мо­же да го ви­ди­те ко­га ќе на­пи­ше­те не­што на ин­тер­нет и ќе ви из­ле­зат нај­раз­лич­ни пер­верз­ни стра­ни­ци. До­де­ка нам ни зна­чи со­се­ма дру­го. „Смат“ не е гру­па што мол­чи ко­га ја бо­ли. Ка­ко што ка­жав и прет­ход­но, мно­гу лу­ѓе упа­ту­ва­ле за­ка­ни кон нас и на­ши­те фа­ми­лии, но „Смат“ се­ко­гаш ќе стои „Во име­то на на­ро­дот“. Емо­тив­на­та стра­на на лу­ѓе што се оби­де­ле да пра­ват не­што по­и­на­кво во вре­ме ко­га зем­ја­та е уби­е­на во апа­ти­ја (тран­зи­ци­ја) се­ко­гаш е на­ша­та сла­бост.  Ние по­сто­и­ме 18 го­ди­ни, а на­ша­та зем­ја це­ло­то тоа вре­ме е во тран­зи­ци­ја. На­ви­сти­на бо­ли ко­га гле­да­ме ка­ко це­ли­от по­тен­ци­јал на по­е­дин­ци во зем­ја­та про­па­ѓа по­ра­ди сит­ни ин­те­ре­си. На­ви­сти­на бо­ли ко­га гле­да­ме ка­ко „идо­ли­те“ што на­ро­дот ги ве­ли­чи и сла­ви по не­кое вре­ме се тол­ку го­ле­ми за на­ро­дот да се пла­ши од нив. И тоа трае со де­це­нии…

Пи­ши ми по­ве­ќе за кон­цер­тот, ал­бу­мот…

web-size

Иловски: Кон­цер­тот, ка­ко што ве­ќе зна­е­те, ќе се одр­жи на 21 март во „Ха­ва­на“. Има­ме го­сти од Со­фи­ја, на­ши­те при­ја­те­ли и од­лич­на гру­па „Ме­лек“. Ка­ко го­сти ќе на­ста­пат и „Шок тру­перс“, кои ми­на­та­та го­ди­на го из­да­доа сво­јот прв ал­бум иа­ко по­сто­јат со го­ди­ни, но се­пак ква­ли­тет пред кван­ти­тет, нив­ни­от ал­бум е ре­мек-де­ло. Ќе на­ста­пи и уште ед­на гру­па, ко­ја, исто та­ка, из­да­де прв ал­бум ми­на­та­та го­ди­на. Неј­зи­но­то име е „Гирс“ и во неа гле­да­ме по­тен­ци­јал, кој до­пр­ва ќе из­ле­зе на по­вр­ши­на. Ни­ед­на гру­па не е по­ви­ка­на са­мо за да по­пол­ни про­стор. Ако не ни се до­па­ѓа­ат не би са­ка­ле да ја де­ли­ме сце­на­та со нив, по­себ­но не на на­ши­от 18. ро­ден­ден. Пр­ви­те 100 влез­ни­ци до­би­ва­ат гра­тис це­де.  Имај­те на ум де­ка не­ма кар­ти во прет­про­даж­ба.

По по­вод  овој ро­ден­ден го прес­ни­мив­ме пр­ви­от ал­бум на „Смат“, кој одам­на го не­ма во про­даж­ба, а и да не се ла­же­ме, ус­ло­ви­те ко­га го сни­мав­ме то­гаш беа за ни­ка­де, а во тој пер­и­од не­ма­ше сту­дио што ќе сни­ма та­ква му­зи­ка, па и кол­ку па­ри да има­те, а ние, нор­мал­но, не­мав­ме. За­тоа се­га имав­ме мож­ност да го на­пра­ви­ме тоа ка­ко што тре­ба и се­га пес­ни­те ка­ко  „Та­тко ми че­сто збо­ре­ше“, „Крв за крв“, „Свет на ла­га“, „Во име­то на на­ро­дот“, „Сам“ , „Вр­ти­поп“ ќе мо­же да се слу­ша­ат на при­стој­на сним­ка. Иа­ко аранж­ман­ски пес­ни­те се­га ни зву­чат смеш­но, се­пак по­ра­ка­та и те­жи­на­та го но­сат сво­е­то.

Вие сте ед­ни од ре­тки­те што има­ат за­шти­те­ни пред­ме­ти „Смат“…

Иловски: Па, тоа не е ни­што но­во. Ние тоа го пра­ви­ме од 2003 го­ди­на. Тоа не се ни­ка­кви за­штит­ни мар­ки ту­ку нор­мал­на ра­бо­та што ја пра­ват си­те гру­пи во све­тот. Со те­кот на го­ди­ни­те поч­ну­ваш да обр­ну­ваш вни­ма­ние на гру­па­та во се­кој пог­лед. Ква­ли­тет­ни ди­зај­ни за ма­и­ци, ква­ли­те­тен ди­зај­нер. За тоа кај нас е за­дол­жен Ва­сил Ва­сев од Бу­га­ри­ја, кој ра­бо­ти во Бел­град. Тој е мој при­ја­тел, ка­ко и  на си­те од гру­па­та по­ве­ќе од 13 го­ди­ни.

За крај, сѐ што мис­лиш де­ка е вред­но да се ка­же, а ме­не во мо­мен­тот ми из­бе­га­ло…

Иловски: Си­те зна­ат де­ка кон­цер­ти­те на „Смат“ се до­жи­ву­ва­ње за­тоа што пуб­ли­ка­та и са­ма­та гру­па за­ед­но учес­тву­ва­ат во це­ло­то шоу. Бу­квал­но, зас­лу­га­та е 50/50. Сѐ што сме по­стиг­на­ле де­лум­но им дол­жи­ме ним. Да, вие што ја пра­ви­те це­ла­та ат­мо­сфе­ра на на­ши­те кон­цер­ти! Ток­му вие сте ви­нов­ни! Ова е и ваш ро­ден­ден. Ви бла­го­да­ри­ме за це­ла­та под­др­шка си­те овие го­ди­ни!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top