| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно се шири паника поради апокалипса

Пред 11 години странските медиуми, вклучувајќи ги и „Си-Ен-Ен“ и „Гардијан“, ја пренесоа приказната за астероидот 2003 QQ47, кој би можел да удри во Земјата оваа недела, поточно на 21 март 2014 година.

За среќа, или како што веќе стана практика, таа приказна нема врска со вистината, но и покрај тоа на социјалните мрежи почнаа да ги шират старите вести за оваа приказна, пишува „Слејт“.

Астероидот постои, но без никаква опасност ќе помине покрај Земјата на 26 март: нема да ни се доближи повеќе од 19 милиони километри, што е околу 50 пати поголема оддалеченоста од таа на која се наоѓа Месечината од нас.

Сепак, приказната се прошири и на „Твитер“ без фактите да бидат проверени, а написот е рециклиран и на „Дејли мејл“ во истата форма во која беше објавен во 2003 година.

Вистината е дека за астероидот се мислело дека би можело да биде потенцијална опасност кратко време откако е откриен, но набрзо потоа можноста од удар во 2014 година е исклучена и заклучено е дека опасност од овој конкретен астероид не постои, барем уште следните 100 години, јави хрватски „Индекс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top