| четврток, 6 декември 2018 |

„ДНК“ изманипулирани, концертите во Австралија откажани

Поради непрофесионалноста и неодговорноста на организаторот, извесен господин Влатко од агенцијата „Република“ од Австралија, трите закажани концерти на „ДНК“, во Сиднеј, Мелбурн и во Перт, беа откажани во последен момент. Гореспоменатиот организатор сѐ уште ги нема наведено причините поради кои ја разочара публиката во Австралија, која минатиот месец ги очекуваше Панчо и Андреј на концертите за кои официјално беа објавени плакати, а голем дел од картите и распродадени, соопшти денес нивниот гласноговорник.

– Разочаран сум од непрофесионалниот однос на организаторот и во наше име им се извинуваме на обожавателите во Австралија за настанатата ситуација. Ветуваме дека, дефинитивно, ќе одржиме концерти таму, но со вистински професионалци, кои ја знаат својата работа, а не со манипулатори како што беше во случајов – изјавува Панчо.

На најавените концерти ДНК требаше пред австралиската публика да ги промовираат своите најголем хитови од десетгодишното постоење на дуото .

Во меѓувреме, до реализирањето на концертите во прекуокеанските земји, Панчо и Андреј максимално ѝ се посветуваат на публиката во Македонија и на промовирањето на новите песни од албумот „Срце“, а подготвуваат и нова песна, која ќе излезе во летниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top