| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Не треба да предизвикуваме војна со Русија

obama-1.si_

Американскиот претседател, Барак Обама, вчера ја исклучи можноста од американско воено инволвирање во случувањата во Украина заговарајќи дипломатски решение меѓу Украина и Русија за Крим.

– Нема да дозволиме да се вовлечеме во војна во Украина. Не треба да предизвикуваме војна со Русија – рекол Обама во интервју за американска телевизија.

Претседателот на САД, кој во понеделникот воведе санкции за 11 официјални лица од Русија и Украина, изјави дека САД ќе поддржат дипломатски напори за да се изврши притисок врз Русија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top