Од два одвоени пожари вечерва е зафатена шума во близина на Маврови Анови. Ветрот, кој моментно дува во овој регион, ги отежнува напорите за ставање под контрола на огнената стихија.
Екипи составени од вработени во Националниот парк “Маврово” и полицијата се на терен и ја следат состојбата. Според информациите на СВР Тетово, огнот се појавил околу 19:30 во близина на месноста Кожа на околу два километри од Маврови Анови.
Според информациите од терен, засега не се загрозени населените места и објекти околу Мавровско Езеро. Површините, зафатени од огнот дополнително се утврдуваат, но, според првичните проценки, на повеќе од хектар гори и високо стеблеста шума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.