Британската полиција трага по осомничен за кој верува дека е поврзан со исчезнувањето на малата Меделин Мекејн која беше киднапирана во 2007 година во местото Алгарву во Португалија каде летуваше со родителите.
Според описот обајвен од истражителите се наведува дека станува збор за „исончан и темнокос маж“ кој освен за киднапирањето на Медлин се сомничи и за злоставување на уште најмалку 5 други девојчиња од Британија. Наводно се сомничи за напад на уште 5 девојчиња на возраст од 4 до 10 години во истата област каде што исчезна Медлин во периодот од 2004 до 2006 година. Тој исто така се сомничи и за 12 провали во куќи во кои престојувале Британци во периодот од 2004 до 2010 година кога се извршени сексуалните злоставувања над девојчињата.
Истражителите соопштија дека се на трага на човек за кој се верува дека ги извршил овие казнени дела врз како што се наведува „млади, бели, женски деца“. Исто така се наведува и дека злосторствата за кои се товари не биле идентични, туку слично изведени. Ниту во еден случај немало знаци на провала и ништо не било украдено. Претпставките се дека тој некое време престојувал во одморалиштето за да добие појасен увид на местото и да ги испланира нападите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.