| четврток, 6 декември 2018 |

Што избришал пилотот од домашниот компјутер пред последниот лет со Боингот 777?

boing

Истражните органи соопштија дека прават напори да ги вратат избришаните датотеки од домашниот симулатор на летови кој беше пронајден во куќата на пилотот од исчезнатиот малезиски авион. Целта на истрагата е да се дојде до било каков валиден податок кој би ја разрешил мистеријата.

Министерот за одбрана на Малезија на прес конференција изјави дека пилотот Захарие Ахмад Шах се смета за невин додека не се докаже неговата вина или некаков друг грев, и дека членовите на неговото семејство соработуваат со полицијата. Датотеките кои се забележани во симулаторот биле избришани на 3 февруари, односно месец пред кобното исчезнување на авионот. Малезиските власти побарале помош од ФБИ во врска со избришаните датотеки.

Бришењето не мора да значи ништо невообичаено, особено ако му требало простор на хард дискот, но полицијата не сака ништо да препушти на случајот и сака да провери апсолутно се за да најдат некоја рута која би објаснила како и каде завршил авионот.

Во симулаторот на пилотот бил програмиран оддалечен остров во средиштето на Индискиот океан, а тоа всушност е американската воена база Диего Гарсија која има доволно голема писта за слетување на Боингот 777. Во исто време според последните сведочења авионот во низок лет бил забележан на Малдивите, остров северно од воената база.

Истражните органи денеска соопштија дека се верува оти авионот летал кон јужниот дел на Индискиот океан.

Пријател на пилтот тврди пак дека симулаторот му служел само за забава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top