Огромен тибетски мастиф е продаден во Кина за речиси 1,4 милион евра, со што кучето старо една година и тешко 90 килограми би можело да биде најскапото во светот, јавија локалните медиуми.
Богатиот купувач изброил 12 милиони јуани (1,39 милион евра) за мастифот на саемот на кучиња во источно-кинеската провинција Жеџијанг.
Често споредуван со лавот поради огромната грива од црни или црвенкасти влакна, тибетскиот мастиф е омилено куче на богатите Кинези. Тој е симбол на нивниот општествен статус, па цената на овие силни миленичиња се зголеми во последните години.
Сопствениците ги опишуваат како верни и прекрасни чувари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.