| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанка доби скутер на инстант лоз од Државна лотарија

240skuter

Битолчанкатта Николина Божиновска со купувањето инстант лоз „смајли“ е добитник на скутер од Државната лотарија. Досега се доделени 21 скутер, а во игра остануваат уште 14, информираат од Државната лотарија.

Среќна добитничка која сака да биде анонимна од продажното место Толакс во Скопје купила инстант лозот Детелинка, што и обезбедило добивка вредна 100.000,00 денари. Првиот милион во Инстант лотаријата Среќни коцки беше освоен на 15 февруари 2014. Среќната грепка беше купена во продажното место Бартон во Тетово. Она што е интересно е дека оваа добивка ја делат тројца другари кои воедно биле и колеги на работа.

Еден од тројцата среќни другари имаше можност за реприза  на својата среќна епизода и тоа повторно со Инстант лотаријата Среќни коцки. Ова игра на среќа дефинитивно е неговата среќа, бидејќи покрај партиципацијата со третина од милионот, пред еден месец, сега освои нови 10.000,00 денари.

Државна лотарија на Македонија неодамна ја лансираше играта на среќа во Инстант лотариите, СРЕЌНИ КОЦКИ. Под мотото СВРТИ ЈАМБ ЗА МИЛИОН, оваа игра им овозможува на играчите одлична можност за забава во комбинација со можноста да освоите добивка која веднаш може да си ја однесете дома. Вкупниот фонд на добивки во оваа инстант лотарија е 25.000.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top