Утре во 17 часот и 57 минути во Македонија и на целата северна хемисфера, календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
Денот утре ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути.
На првиот пролетен ден синоптичарите во Македонија најавуваат сончево време со температури до 22 степена.
Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 29 и 30 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.