Вистински раритет кога кошарката е во прашање се случи ноќеска во НБА, а од пет натпревари дури три беа решени по продолжение.
Дополнително време од 5 минути се играше на дуелите Атланта со Торонто, Портланд со Милвоки и Сакраменто против Вашингтон и на сите победија домашните екипи.
Атланта славеше со 118-113, Портланд со иста разлика, но со резултат 120-115 го победи Милвоки, а Сакраменто во продолжението го надигра Вашингтон и триумфираше со 117-111.
Доминираше Леброн Џејмс со 43 поени против неговиот поранешен тим Кливленд, а и тој се приклучи на магичната маратонска ноќ во НБА, постигнувајќи 25 поени во првиот период од 12 минути. Мајами победи со 100-96, што беше единствена победа на гостинска екипа, бидејќи и Голден стејт го совлада Орландо на свој терен со 103-89.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


