| четврток, 6 декември 2018 |

Први жртви на Крим- двајца војници убиени при напад на воена база

UKRAINE-RUSSIA-POLITICS-CRISIS

Припадник на самоодбраната на Крим и украински војник се убиени, а двајца се ранети откако бил отворен оган во главниот град на Крим, Симферопол, јавува руската новинска агенција Итар тас.

Украинскиот војник починал откако бил застрелан при напад на воената база на периферијата на Симферопол. Оган бил отворен во два правци на самоодбранбените сили кои проверувале дојава за присуство на вооружени лица во недовршената зграда, како и во насока на украинската воена единица која е стационирана во близина, јави Раша Тудеј. Локалните власти соопштуваат дека најверојатно станува збор за снајперски оган.

– Самоодбранбени сили добија дојава дека е забележана група вооружени луѓе во недовршен објект. Врз нив е отворен оган за време на проверката, изјавил извор од министерството за внатрешни на Крим.

Нешто претходно Украина им одобрила на војниците на Крим да употребуваат оружје за заштита на своите животи. Командактот на украинската војска на Крим Владислав Сележњов изјави дека при нападот на базата е убиен војник а ранет е еден капетан. Според него не е јасно кој го извел нападот, но напаѓачите ги опишал како „непознати војници во полна опрема со прекриени лица“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top