| четврток, 6 декември 2018 |

Кери: Евентуалениот упад на Русија во источна Украина ќе биде скандалозен

Државниот секретар на САД, Џон Кери, предупреди дека евентуалното навлегување на Русија во источниот дел на Украина ќе биде „скандалозен настан“ и актуелната криза со Москва ја поврза со ситуацијата од пред Втората светска војна.

Во говор пред студентите на Стејт департментот Кери изјави дека не може да си претстави „толкав скандалозен настан во современиот свет“ и дека тоа ќе претставува „огромен предизвик за меѓународната заедница“.

– Тоа би било огромно прекршување на меѓународното право и затоа искрено се надевам дека нема да се стигне до таму, изјави Кери во одговор на прашањето како САД ќе реагираат во случај Русија да упадне во источна Украина. За првпат од почетокот на кризата со Украина Кери отворено ја искажа загриженоста од силните тензии со Русија и притоа направи неколку потсетувања на историјата на 20-от век. Анексијата на Крим „веќе е доволно скандалозна, и тоа денеска кога се распалуваат националистички страсти кои може да се прошират на многу опасен начин“, предупреди Кери.

-Доволно е да се вратиме назад и да ја прочитаме историјата за тоа што доведе до Втората светска војна и појавените страсти заради овие националистички расположенија. Природно, има и многу тешки истории како онаа на Чехословачка во 1968 година, рече Кери, имајќи ја предвид советската интервенција во оваа земја за задушување на „Прашката пролет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top