Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Кајри Ирвинг, поради повреда на раката ќе паузира најмалку две недели.
Ирвинг се повреди на натпреварот против екипата на Лос Анџелес Клиперс, а според првичните прогнози на лекарите сезоната за него беше завршена.
Меѓутоа, по деталните прегледи, констатирано е дека треба да се почека некое време, па за 14 дена Ирвинг повторно ќе биде подложен на тестови за да се одреди конечниот датум за неговото враќање на паркетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


