| четврток, 6 декември 2018 |

Илијаз Халими планира да освои повеќе гласови од Пендаровски

Кандидатот за претседател на државата од редовите на ДПА, Илијаз Халими по средбата со делегација на парламентарното собрание на Советот на Европа,  го споменал фактот дека на овие претседателски избори за прв пат учествува само еден кандидат Албанец и дека постои реална можност за влез во вториот куг од трката заедно со еден од другите кандидати.
Како една од негативните страни, Халими ја спомена тенденцијата на ДУИ по секоја цена да ги направи неуспешни претседателските избори, па дури и преку закана дека кој и да биде избран за претседател, истиот да биде прогласен како нелегитимен.
Со овие повици и закани за бојкот директно се уценуваат граѓаните и нивното слободно и демократско право на глас. На тој начин, од овој политички субјект доаѓаат во конфликт со одлуките кои ДУИ ги има донесено за одржување на изборниот процес.
ДУИ самата придонесла за намалување на цензусот од 50% на 40% и втората за усвојувањето на изборниот кодекс кој ги одредува правилата о процедурите за избор на претседател на државата кој ќе има целосен легитимитет за да ја води државата“, се вели во соопштението на ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top