| четврток, 6 декември 2018 |

Пелистерци победија во чест на својот Петар Милошевски

Пелистер ја победи Македонија Ѓорче Петров со 2-1 во емотивен меч за битолчани, што беше одложен викендов поради трагичната смрт на Петар Милошевски.

Дополнително мотивирани, попладнево домашните играчи имаа многу мака да го скршат отпорот на скопјани, кои имаа иста цел, победа.

Поведе Македонија Ѓ.П. со голот на Адем во втората минута, а со резултат 0-1 се замина на пауза меѓу двете полувремиња. Во вториот дел пресврт најави Ковачев со гол од слободен удар во 66 минута, а од пенал во 90. минута погоди Воденичаров за триумф на Пелистер од 2-1.

Битолчани победата ја посветија на својот сограѓанин Милошевски, легенда и на клубот и на македонскиот фудбал.

Со триумфот Пелистер се приклучи на водечкиот квартет во Првата лига и има 38 бода, идентично како и Турново, Работнички и Вардар. Македонија Ѓ.П. е на десеттото место со 22 бода, пред стартот на последниот дел од шампионатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top