Најбараниот балкански наркобос Дарко Шариќ утринава беше уапсен во заедничка акција на полициите на Црна Гора и Србија.
-Шариќ им се предал на српските органи кога сфатил дека е лоциран за да се избегне крвопролевање – изјави на вонредната прес-конференција за медиумите српскиот министер за правда, Никола Селаковиќ, а пренесоа српските медиуми.
Шариќ би требало првпат да се појави пред Специјалниот суд на 24 март за кога е закажано продолжението на судењето на припадниците на неговата криминална група кои се товарат за шверц на повеќе од 3 тона кокаин од Латинска Америка во Европа, во периодот од 2008 година до 2009 година.
На видеото може да го погледнете излегувањето на Шариќ од авионот во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија