| четврток, 6 декември 2018 |

Стопанска банка со промотивна понуда за потрошувачки кредити

stopanska-banka

– Потрошувачките кредити како најатрактивна категорија на кредити за население се постојано во фокусот на работењето на Стопанска банка. Затоа, понудата на потрошувачки кредити расте и се приспособува на потребите на сите наши клиенти – со атрактивни рокови на отплата до 10 години, износи до 10.000 евра без обезбедување, можност за користење денарски или кредит со девизна клаузула и секако нашата најголема предност можноста кредитот да се исплати за само 30 минути од поднесување на комплетното барање во филијалите на Банката – соопштија од Стопанска банка.

Промотивната понуда која почнува од 15 март и ќе трае за сите поднесени барања до 15 јуни за корисниците ќе обезбеди 6,5 отсто гарантирана годишна каматна стапка за првата година и 100 насто попуст на административните трошоци.

По истекот на промотивниот период во примена ќе биде променливата годишна каматна стапка која за кредитите со девизна клаузула во моментов изнесува 8 отсто.

Секако, и понатаму, најголеми поволности користат клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка изразени преку трајно намалени каматни стапки, но и скратена процедура и потребни документи, нагласуваат од Стопанска банка.

Потрошувачкиот кредит е ненаменски и клиентите може да го користат за исполнување на сите свои желби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top