Наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга што ја доделуваат „Струшките вечери на поезијата“ и УНЕСКО, годинава му е доделена на шкотскиот поет Хари Мен.
Мен е роден во 1982 година во Бакингемшир, а работи како уредник, програмер и дигитален издавач. Неговиот глас е позајмен од „Харпер аудио“ за многу детски книги. Во 2012 година ја освојува третата награда на Меѓународниот фестивал во Крадиф и втора награда на Меѓународниот ПЕН-центар. Неговата стихозбирка „Лифт“ за која ја доби престижната награда „Мостови на Струга“ содржи осумнаесет песни и е објавена во „Тал Литхаус“.
– Покрај Хари Мен во најтесен избор беа и стихозбирките на Денис Шкофиќ од Словенија, Катја Перат од Словенија и Александар Хут Коно од Хрватска. Управниот одбор и дирекцијата на СВП ја иоздвои книгата „Лифт“ од Хари Мен, констатирајќи дека тоа што е вредна одлика на неговата поезија е смелоста со која преку јазичните игри, во своевиден неовангарден стил успева да најде поетски ракурс преку кој ќе бидат поетизирани и навидум непоетските теми, како што се песните „Ултразвук“, „Проблеми со компјутерот“, „Земја“, „Откритие“, рече Славе Ѓорго Димоски.
За личноста и за творештвото на Мен говореше директорот на СВП, Мите Стефоски, кој истакна дека станува збор за исклучителен поет, кој првите чекори во поезијата го направил уште во раната младост. Изборот, тој да ја добие наградата „Мостови на Струга“ уште повеќе бил поткрепен со исклучителнои вредните песни на Мен, за кои сметаат дека заслужуваат посебно внимание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија