| четврток, 6 декември 2018 |

Нина Бадриќ ќе го полни „Борис Трајковски“

Хрватската пејачка Нина Бадриќ ќе го одржи својот прв солистички концерт во Македонија. Концертот е закажан за сабота, 5 април, во спортскиот центар „Борис Трајковски“, со почеток во 21 часот.

Специјален гостин ќе биде македонскиот пејач Даниел Дан, а организаторите најавуваат и многу други изненадувања.

Билетите се пуштени во претпродажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сѐ“ и на интернет на www.kupikartizase.com.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top