Задолжителното владеење на англискиот јазик од страна на дипломатите, како и други светски јазици се дел од реформите кои министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски ги најави при настапот во една локална телевизија во Кичево.
Тој зборуваше за улогата на економските промотори во привлекувањето на странски инвеститори, односно во претставувањето на земјата како место погодно за водење бизнис.
Во однос на евроатлантските интеграциски процеси, Попоски потенцира дека тие се многу битни за земјата, бидејќи членувањето во НАТО и ЕУ ќе придонесе странските инвестиции уште повеќе да се зголемуват.
Попоски се осврнал и на односите со соседните земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.