Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје, во пресрет на априлскиот Меѓународен саем на книгата во Скопје и 22 години постоење на „Феникс“, распишуваат конкурс за необјавени творби од следниве пет книжевни жанра: поезија, проза, критика, есеј и драма.
Од „Феникс“ информираат дека на конкурсот може да учествуваат творци од сите генерации со творби на теми по слободен избор, што значи дека нема никакви генерациски и тематски ограничувања.
На конкурсот треба да се испратат 10 песни, 5 раскази, 5 критики, 5 есеи, 3 кратки драми (монодрами или дуодрами), еден краток роман (од 50-100 страници).
Жири-комисија ќе ги разгледа сите пристигнати трудови и најдобрите ќе ги селектира и објави во изданието АНТОЛОГИЈА НА (НАЈ)НОВОТО.
Рокот за испраќање на материјалите е до 15 април, а творбите треба да се испраќаат во електронска форма на следнава е-пошта: [email protected]
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија


